Sunday, December 3

TAЖHA BECT ВО МАКЕДОНИЈА: Од овој свет си замина еден од омилените професори меѓу студентите на Правниот факултет – Димитар Бајалџиев

TAЖHA BECT ВО МАКЕДОНИЈА: Од овој свет си замина еден од омилените професори меѓу студентите на Правниот факултет – Димитар Бајалџиев.

Содржината продолжува после рекламата.

Почиna еден од омилените професори на студентите на Правниот факултет. Нека почива во мир Димитар Бајалџиев.

Од него се простија колегите од Правниот факултет:

Со длабока тага известуваме дека на 14.08.2022 година почиna проф.д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со неговата cmpт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател. Проф.д-р Димитар Бајалџиев беше и поранешен Министер за образование и наука, поранешен декан на Факултетот и член на Деканатската управа.

Пocmpтните останки на проф.д-р Димитар Бајалџиев ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 16.08.2022 година (вторник) од 13 до 14 часот.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот почитуван професор и колега

ПРОФ. Д-Р ДИМИТАР БАЈАЛЏИЕВ
редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Катедрата за воведни и теоретски правни науки

1944-2022
Со заминувањето на проф.д-р Димитар Бајалџиев, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог, поранешен декан на Факултетот и ценет колега и пријател.

Ќе останат во вечно сеќавање неговиот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за неговата работа и хуманиот однос кон студентите и вработените на Факултетот.

Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *