Friday, December 1

ДРАМА ВО МАКЕДОНИЈА: Tpaкторист наместо да застане удpил во полицajците, па продолжил да ги тепа со бoкcови

Tракториcт наместо да застане удрил во полицaјците, па продолжил да ги тепа со бoкcoви.

Сите детали и информации од МВР за овој немил настан кој се случил во Велес, можете да ги прочитате во продолжение.

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 63-годишен тракторист од Велес, кој не застанал на знак на полицијата, дури со тракторот ги удpил двајцата полицајци кои барале да застане.

На 23 август осомничениот нападнал двајца полициски службеници од СВР Велес, нанесувајќи им телесни повреди. Откако управувајќи трактор не сопрел на зададените звучни и светлосни предупредувања од полицајците, туку продолжил да се движи кон индустрискиот дел од градот, оштетените со полициско возило го стигнале.

На знак од еден од оштетените со светлечка палка СТОП и гласно упатено барање да запре, осомничениот свртел со тракторот во лево и продолжил да се движи во правец директно кон оштетените.

Со тракторот удрил најпрвин во едниот, а потоа и во другиот полициски службеник. Полицајците се обиделе да го запрат, но тој продолжил да ги удира со боксови. Кога конечно успеале да го совладаат, им се заканил дека ќе го запаметат, како и дека ќе ги уништи нив и нивните семејства.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, особено со оглед на упатените закани кон оштетените, јавниот обвинител достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.​​

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *