Saturday, September 23

PAЗОЧАРУВАЧКА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Славчо Попоски најавува серија невpeмиња – Еве ги деталите

PAЗОЧАРУВАЧКА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Славчо Попоски најавува серија е невpeмиња – Еве ги деталите.

Деталите продолжуваат после рекламата.

– Продолжува многу нестабилното време и на многу места проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално повторно ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ кое може да услови локални поплавувања и нови штети.

Значи, невремето кое ја зафати Македонија ќе се задржи и во текот на новата недела која што ни следува.

Затоа, препорачуваме крајна претпазливост во случај на појава на НЕВРЕМЕ.

Температурите и понатаму позначително ќе се намалуваат и во следниот период истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и нагласува дека невреме е можно и во Скопје и околината во следниот период.

Од УХМР објавија и актуелно предупредување за во следните денови:

Во следните денови подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Температурите значително ќе се намалат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *