Friday, June 2

Oва е навистина ТАЖНО: Погледнете како семејства во Македонија останаа без домови од вечерашните поплави и поројни дождови

Oва е навистина ТАЖНО: Погледнете како семејства во Македонија останаа без домови од вечерашните поплави и поројни дождови.

Селото Ѓермо во општина Тетово претрпе најмногу штети од вчерашните поројни дождови. Големи одрони блокираа неколку возила, целосно оштетија една куќа и блокираа еден селски пат.

Жителите на селото Ѓермо велат дека подолго време алармирале до надлежните да се изгради заштитен ѕид околу потокот од кој секогаш доаѓаат големи наноси.

Овој пат тој затрупаа неколку возила и ја оштети куќата на семејството на Нафи Фејзули, кој е со попреченост.

„Овде куќата е целосно оштетена, како што можете да видите и темелот на куќата е откриен. Јас за да се спасам истрчав надвор.

Внатре е полно со вода, подрумот, тремот, високите ѕидови пукнаа, вратите ниту се отвораат, ниту затвораат…“, рече Нафи Фејзули, жител на Ѓермо.

„Ова ни се има случено многу пати. Годината кога се случи во Шипковица, истото се случи и овде. Треба да се изгради заштитен ѕид да нè заштити, за да не ни влезе вода во куќите“, рече Рухан Адаили, претседател на МЗ – с. Ѓермо.

Штети има и во Тетово. Поплавени се десетици куќни подруми, продавници и други објекти. Градоначалникот Касами вели дека општинските власти излегле на терен и исчистиле дел од поплавените улици и населбата Дреновец. Биле преземени мерки за спречување на поплави следниот период.

„Бидејќи има најави дека повторно попладне може да има поплави или нови обилни врнежи, решивме критичните точки на реките, како во Порој и Речица да бидат под постојан надзор, Дирекцијата за заштита и спасување да ги чисти патиштата, а се интервенираше и од други институции на некои критични точки, како што е случајот во Ѓермо. Бевме известени дека водата за пиење може да се пие“, изјави Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

Касами се пожали дека општината воопшто не добила поддршка од Владата иако после поплавите пред три месеци побарале да се прогласи кризна состојба и да се направи проценка за граѓаните да добијат обештетување.

„Барањето за вонредна состојба и проценка беше надгласано и немаме одговор. Владата сама треба да каже дали имаат финансиски средства или немаат или целта не е да застане на страната на граѓаните на Тетово“, додаде Касами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *