Tuesday, May 30

HAJHOBA BECT: Значително намалување на цените на горивата – Ова се новите ЦЕНИ!

HAJHOBA BECT: Значително намалување на цените на горивата – Ова се новите ЦЕНИ!

РКЕ одлучи, ова се новите цени на горивата.

Текстот продолжува после рекламата.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16% во однос на одлуката од 6.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,271%, кај дизелот за 4,708%, кај екстра лесното масло за 4,532% и кај мазутот за 0,836%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,104%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 9.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 82,00 (денари/литар).

Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 84,00​ (денари/литар).

Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 76,00 (денари/литар).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *