Thursday, October 5

Hajнова вест: Извршен претрес, обезбедени докази за сторени серија кpивични дела преку веб портал

Hajнова вест: Извршен претрес, обезбедени докази за сторени серија кpивични дела преку веб портал

Целата содржина во продолжение после рекламата.

По барање на Основното јавно обвинителство Скопје, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа беше извршен претрес во домот каде престојува едно осомничено лице, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци.

Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе kpивични дела: две kpивични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно kpивично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно kpивично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ и kpивично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ.

Предметот беше оформен по поднесени kpивични пријави против осомничениот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во целиот наведен период преземаше интензивни истражни дејствија со кои беа обезбедени доволно докази кои даваат основано сомнение дека пријавениот ги сторил kpивичните дела.

Имено, по доставена kpивична пријава од една телевизија од 11.02.2022 година, Основното јавно обвинителство Скопје нареди дејствија и проверки, врз основа на кои Секторот за компјутерски kpиминал и дигитална форензика обезбеди доказен материјал дека осомничениот сторил kpивично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ.

Од почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, осомничениот на веб порталот го ставил на располагање на јавноста заштитеното аудиовизуелно дело. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое согласно Договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината.

На 18.05.2022 година во Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена kpивична пријава против осомничениот од двајца оштетени за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г, бидејќи преку веб порталот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон пријавителите – свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Во објавените текстови, осомничениот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив.

Освен навредливи зборови, пцовки и клевети, во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите осомничениот ги споделувал и на својот профил на една социјална мрежа каде поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања.

На 19.05.2022 година, против истото лице, до Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена kpивична пријава и од две новинарки, кои пријавиле дека на веб порталот од почетокот на 2022 година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат.

Во текот на постапката, жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител во кои ги поткрепија своите сомненија дека позадината на објавите на веб порталот е да им се изврши притисок и цензура. Со осуда на таквите објави на веб порталот во наведениот период излегоа и ОБСЕ и Здружението на новинари.

Дополнително, во телефонски разговор со сопругот на една од новинарките осомничениот упатил и директни закани кон неа и нејзиното семејство. Со обезбедените докази во текот на постапката беше потврдено основаното сомнение за кривичното дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ.

Едно оштетено лице до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава според која во периодот од 10.01.2023 година до 02.02.2023 година, осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест и се обидел да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. Преку социјална мрежа осомничениот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него.

Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои осомничениот наштетил на угледот и честа на оштетениот. Во однос на овој настан, надлежен јавен обвинител исто така презеде дејствија за документирање на пријавените наводи и за обезбедување електронски докази со кои се потврдува основано сомневање за кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ.

Во наведениот период додека во обвинителството се водеше постапката против осомничениот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, кои поднесоа кривична пријава за – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ.

Истражителката која споделувала податоци со осомничениот веќе не е ангажирана во Истражниот центар на ОЈО Скопје и за неа ќе биде иницирана постапка пред Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи.

Освен за наведените kpивични дела, наредбата за претрес беше обезбедена и бидејќи постоеше сомнение дека кај осомничениот можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење, како и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела.​

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *