HACИЛСТВО КАКВО ШТО НЕ СЕ ПАМЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Жена во koматозна состојба итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје
После рекламата следува целиот текст.
Жител на Неготино осомничен за тешка телесна повреда при семејно naсилство врз жена
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Неготино за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 2 август, по вербална расправија, осомничениот извршил семејно nacилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш кабината во бањата.
Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Текстот продолжува после рекламата
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.