Бидете во тек со најновите вести од Македонија и светот, следете не.
Содржината продолжува после рекламата.
Се појавил нов bиpyc во Кина кој може да предизвика тешки болеcти: Има 35 случаеви на заразени- Еве кои се симптомите.
Hoв тип на хенипавиpyc добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска провинција Шандонг и централната кинеска провинција Хенан, а досега има заразено 35 лица во двете провинции
Нов тип на хенипавирус е пронајден во примероци од брис од грло од фебрилни пациенти во источна Кина со историја на неодамнешен контакт со животни, пишува „Глобал Тајмс“.
Научниците вклучени во студијата забележаа дека овој новооткриен хенипавирус, кој можеби потекнува од животни, е поврзан со некои фебрилни случаи, при што заразените луѓе доживуваат симптоми како треска, замор, кашлица, анорексија, мијалгија (мускулна болка) и гадење.
Понатамошната истрага покажала дека 26 од 35 случаи на инфекција со Лангија хенипавирусот во провинциите Шандонг и Хенан ги развиле сите тие наведени клинички симптоми.
Вирусот Хендра (HeV) и вирусот Нипа (NiV) од овој род се познати по тоа што можат да ги инфицираат луѓето преку овошни лилјаци, кои се природни домаќини на двата вируса.
Хенипавирусот може да предизвика тешки болecти кај животните и луѓето и се класифицирани како вируси на ниво 4 на биолошка безбедност со стапка на смртност помеѓу 40-75 проценти, според Светската здравствена организација (СЗО), истакнувајќи дека тоа е многу повисока од стапката на смртност на коронавирус.
Сепак, во моментов не постои вакцина против хенипавирус и единствениот третман е супортивна нега за справување со компликац