CTPAШНО: Седум лица, од кои две потешко се повредени во тешка сooбpaќајна нeccpeќа која се случила на автопатот Гостивар-Тетово.
После рекламата следува целиот текст
Синоќа околу полноќ на автопатот Гостивар-Тетово, наспроти тетовско Горно Седларце се случила сообраќајна нeccpeќа во која седум лица, од кои две потешко се повредени.
Како што велат од МВР во нeccpeќата учествувале товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица.
-Во нeccpeќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информира МВР.
По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.