BOHPEДНА BPEMEHCKA ПРОГНОЗА: Cилно невpeме вечерва ќе ја зафати Македонија – Еве ги деталите.
Голема временска нестабилност. Се најавува невpeме во доцните часови вечерва.
Деталите во продолежение после рекламата.
УХМР соопшти дека времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, гpмежи и засилен ветер.
Во текот на ноќта нестабилноста ќе се прошири на повеќе места.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невpeме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
И утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и гpмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невppеме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 4.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и гpмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невpеме. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во сабота и недела во поголем дел од денот ќе има стабилизирање на времето. Во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, гpмежи и засилен ветер.
Поврзана вест: CE НАЈАВУВА HEBPЕМЕ: Облаците стигнуваат од запад над цела Македонија во наредните 24 часа, ќе падне големо количество дожд најавува Попоски за Идол.
Вечерва и утре на многу места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има и појава на невpeме па препорачуваме крајна претпазливост.
Нестабилно ќе биде и во Скопско и можна е појава на невpeме во делови од Скопската котлина.
Постабилна атмосфера ќе имаме во сабота додека во недела попладне и навечер следува нова дестабилизација на времето. – изјави Славчо Попоски специјално за Идол Мк.