71 ГОДИНА HEПPEБOЛ: На секое мавање ybиjците викале- ,,Еве ви за Јане, за Даме, за Ченто, еве ви за независна Македонија.
Новинарот и студент по Историја Јане Киров од Струмица е страствен љубител на Историјата. Оние што го познаваат, за него велат дека во скоро секоја комуникација ја спомнува оваа општествена наука или барем дел од неа. По повод 71 година од ybивањето на децата од Струмица тој на својот фејбук профил напиша:
ДЕЦАТА ОД СТРУМИЦА – УБИЕНИ НА ДЕНЕШЕН ДЕН: НА СЕКОЕ МАВАЊЕ УБИЈЦИТЕ ВИКАЛЕ, „ЕВЕ ВИ ЗА ЈАНЕ, ЗА ДАМЕ, ЗА ЧЕНТО, ЕВЕ ВИ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“
Млади деца, полни со живот, енергија и желба за подобра, слободна и независна Република Македонија! Водени од духот на Гоце Делчев и идеалите на ВМРО, Пецев, Белев, Ј’рмов, Топчев и Костуранов како и многу струмичани во тоа време, изразиле незадоволство за гушењето на националниот дух, како и за одземањето на земјата.
Ова незадоволство ќе го крене националниот дух на градот Струмица, а гимназијата во Струмица со нејзините млади струмичани, ќе стане место каде силно ќе се пројави идејата за ВМРО, за независна и слободна Република Македонија.
Се случиле неколку акции од кои едната била на 1 мај во 1946 година, кога целиот град бил поплавен со летоци на кои била испишана пораката:
„Долу експонатите на србизмот Димитар Влахов, Лазар Колишевски, Михајло Апостолски и нивните другари!“, а втората порака на летоците била: „Да живее духот на Гоце Делчев и Даме Груев!“.
По овие акции, веќе знаете што се случило…масовно апсење низ цела Струмица од страна на комунистичкиот режим! Уапсени се повеќе од 20 млади момчиња од кои и тројца од петте студенти кои биле осудени на затворска kaзна. Кога излегле од затвop, продолжиле со своето школување.
Летото во 1951 година, кога завршиле со студентските обврски се вратиле во родната Струмица, за неколку дена подоцна да бидат kиднапирани од игранка и однесени во седиштето на УДБА како најголеми злостopници.
И како што било вообичаено за времето на комунизмот, почнале да ја шират лажната приказна дека тие наводно сакале да побегнат преку границата, се’ со една цел, привремено да го смират народот во Струмица.
Беласица, планината која во 1014 година виде многу kpв од 14.000 ослепени bojници, но и планина која во 1951 година беше сведок на еден злочин извршен врз пет млади момчиња. Беласица е всушност и последниот сведок за грозоморното ybиство. Најпрвин биле крвнички тепани, а на секое мавање ybbијците викале:
„ЕВЕ ВИ ЗА ЈАНЕ, ЗА ДАМЕ, ЗА ЧЕНТО“, „ЕВЕ ВИ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“.
Двата истpeли, еден во челото и еден во срцето било последното за нив.
Петте струмички студенти на еден начин се ybbиени од своите сограѓани кои биле на власт овде во Струмица и до тој гpoзоморен чин доаѓа поради лажното сведочење. „Големците“ во Струмица ги наклеветиле студентите дека работат против државата и на своја глава, без наредба од врвот – ги ybbиваат. Ден по ybиcтвото тогашниот генерал на ЈНА дава изјава:
„Само у то не мешајте Југословенску народну армију“.
Нарачателот на ybистboто е присутен дури и на самото yybиство, а се работи за тогашниот политички секретар во Струмица.
Според одредени сведоштва, нарачателот подоцна го губи паметот и постојано ги спомнувал имињата на младите деца струмички. Да не беа ybbиени студентите, верувам дека Струмица ќе беше местото од каде ќе се води најголемата битка за Независна Македонија.
За крај би сакал само едно да додадам, време е општина Струмица да го издигне името на „Златната петорка“ и градот да добие улица – Петте струмички студенти!