Friday, December 1

Ивана за Софијанова: Пие виски во кафеана, а утредента 16 часа на дежурство и тоа со деца – Невозможно е!

Ивана за Софијанова: Пие виски во кафеана, а утредента 16 часа на дежурство и тоа со деца – Невозможно е!

Од минута во минута излегува нешто ново. Целата јавност се крена. Секој има по нешто да каже.

Дел се пофалби, дел се критики за докторката Аспазија Софијанова.

На социјалната мрежа Фб налетавме на статус на Ивана Божиновска, кој ни го привлече вниманието.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

Д-р Аспазија Софијанова, според парите кои ги земала за “дежурства” и празници, или 120 часа дежурства и 30 часа празници или тоа се вкупно 150 часа, дополнителна работа од редовната работа.

Д-р Аспазија Софијанова е одличен доктор, несомнено, но тоа не и дозволува да ја користи својата положба за стекнување на лична корист (приход), а при тоа да не оди на работа.

Ако ги пресметате часовите кои и се исплатени за дополнителна работа, тоа се вкупно плус 150 часа, што не е ниту логички, ниту возможно.

Или ако истите ги поделите со осум часа(тогаш докторката) по некоја логика, одела на работа или била цел ден, дури 19 дена во месецот, а месецот има 30/31 ден.

Годините кои ги има, има 57 години, секако дека не го дозволуваат ова темпо на работа. Не кредити да има, животот да и е во прашање, ова темпо на “работење” не се издржува!

Имено, докторката покажа крајна дрскост, некултура, дури и на моменти (лично јас почувствував како Одделот да е нејзина своина, и дека нема потреба да дава објаснувања).

Новинарите се јавен сервис, тие служат на народот за да добие информација.

Одвратно беше најпрво за жена, значи како жена, а потоа и како доктор кој има титула, кој се смета за образован, интелектуалец гласно да зборува, да не го гледа во очи соговорникот(во конкретниов случај-новинарот), цело време да биде на телефон, да пишува нешто, да размавтува со истиот. Крајно ниско е да покажува среден прст.

Ако не била виновна, а има направено кривично дело, целата состојба ќе се решеше за половина час. Многу убаво прашање доби од новинарот и понуда, да избере конкретен датум и да проверат на камера дали тој ден Д-р Аспазија Софијанова била на работа.

Се надевам дека ОЈО тука ќе има долга работа и дека ќе се испита случајот до крај.

Кога веќе сме кај платите, една медицинска сестра, со 35-40 годишен стаж, зема 30.000 плата. Цел ден на нозе, на операција.

Д-р Аспазија Софијанова, многу често можете да ја видите во Дебар Маало, посебно во Скопски Мерак, барем јас ја гледам таму често.

И навистина би било феноменски, да седиш во кафана, да пиеш виски и другиот ден, да бидеш присутна на работа 16 часа, а притоа работиш со деца.

Целата таа мрежа е поврзана и нераскинлива: Тодоров, Аспазија, Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *