Friday, June 2

2 милиони евра помош за Арачиново од Владата – другите општини сами нека се снајдат за стpyja во училиштата

2 милиони евра помош за Арачиново од Владата – другите општини сами нека се снајдат за стpyja во училиштата.

Во Арачиново од Владата повеќепати имало финансиска помош, а другите општини нема да бидат помогнати со средства за плаќање на струјата.- пишува press24.mk.

За нешто повеќе од 2 години Владата и исплати околу 2 милиони евра на општина Арачиново во форма на неповратни средства за решавање на комунални проблеми.

Владата во декември 2020 година ѝ даде неповратна еднократна помош од половина милион евра на оваа општина за справување со тешкотиите во работењето настанати поради koвид-kpизата.

Една година подоцна, Арачиново доби уште половина милион евра од буџетот за реконструкција на патната инфраструктура а минатиот месец на сметката во општината легнаа уште 1,1 милион евра за санација на одводен канал.

Донациите кои Владата и ги дава на оваа општина која воопшто не собира пари од данок на имот а неодамна излезе и информација дека има големи kpaжби на струја, доаѓаат во време кога централната власт вели дека нема да им помогне на општините со средства за да си ги платат сметките за струја.

Организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата, дополни владиниот портпарол, е во рамки на надлежностите на општините односно на локалната самоуправа и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините.

Важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата – изјави владиниот портпарол Арсовски.

Училиштата пред затворање: Колку и да штедиме сметките се превисоки – нема пари за плати.

Сметките за струја ќе им ги „изедат“ платите на наставниците и професорите.

Штипскиот градоначалник, но и останатите први луѓе на општините од Источниот регион, бараат училиштата да плаќаат за потрошена електрична енергија како и домаќинствата и градинките.

– Ќе биде доведена во прашање исплатата на плати на вработените во овие институции, затоа што сите средства кои што ги добиваме по основ на блок дотации, ќе бидат потрошени за покривање на трошоците за електрична енергија и трошоците за затоплување – изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Училиштата се оставени на слободен пазар на струја и сметките им се зголемени за 3 до 4 пати.

– Очекуваме уште неколку кратно да се зголеми цената на електричната енергија, која што овие институции ќе ја плаќат.

Тоа значи дека, колку и да штедиме, колку и да се прилагодуваме на новонастанатата ситуација и на препораките кои што ги добивме, не можеме да го намалиме трошокот за електрична енергија затоа што секојдневно растат цените и го анулираат она штедење што се обидуваме да го направиме – додаде Јорданов.

Единствено решение, според Јорданов, е регулација на цената на енергенсите, за да се овозможи оптималност и оддржливост во функционирањето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *