Friday, June 2

16 годишната девојка која вчера скокнала од трети кат на Психијатрија е во KOMA: ,,Никој не ни јави, од фејсбук дознавме- Не дај Боже да ни yмpe”- изјавиле родителите за Точка

16 годишната девојка која вчера скокнала од трети спрат на Психијатрија е во koма:,,Никој не ни се јави, од фејсбук дознавме, не дај Боже да ни уmpe”- изјавиле родителите за Точка.

Редакцијата на Точка стапила во контакт со родителите на 16 годишната девојка. Тие се видно вознемирени и потресени од настанот.

Нивната изјава за порталот Точка можете да ја прочитате после рекламата.

Велат дека никој не ги контактирал за да ги извести дека нивната ќерка итно е примена во Ургентниот центар, иако од Психијатриската болница го тврделе спротивното.

„Дознавме од Фејсбук, никој не ни се јави.

Тие велат дека ни се јавиле, но нас не ни ѕвонеше телефонот. Можеби не можеле да не добијат, како што велат, но ние дознавме преку Фејсбук.

Многу лошо. Оставивме дете во Државна болница да се лечи, а дознаваме дека е на интензивна нега и дека се фрлила од трети спрат. Многу ни е лошо, не дај Боже да ни ympe“, велат родителите на 16-годишната А.Ш.

Родителите за Точка откриваат дека нивната ќерка 4-5 дена пред немилиот настан била многу вознемирена, но не ја знаат точната причина зошто одлучила да побегне од установата.

„Велеше дека некој ја закача таму, дека ја плаши, сакаше да си дојде дома“.

„Не ѝ ја знаеме точната дијагноза. Докторите ни кажуваат дека е болна нешто, хронично и дека мора да се лечи за да биде подобро и ете сега каде е“, велат загрижените родители.

Трипати досега била хоспитализирана на Клиниката за психијатрија, но досега немала обид за бегство.

„Првпат се случува да сака да побегне. Секогаш само сака чиста облека и цигари, ја лечеа и си ја земавме дома“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *