И критика, но и поздрав за потегот по реакциите од јавноста упати новинарката Јоци до градоначалниката Арсовска
Вели дека да бил Петре во прашање ќе го оставел асфалтот во градски парк.
Јоци додава дека Арсовска е опкружена со погрешни луѓе кои имено самата си ги бира.
Целиот статус во продолжение
Тоа што Данела се повлече од асфалтирањето земјени патеки во Градски парк (најавени 12.500м2), по жестоките реакции е – за поздрав.
Затоа што има луѓе (јас и многу други кои критикуваа), кои половина живот го поминаа во придонес за подобро Скопје!
Не е за поздрав што уште е асфалтот на старо место – кај лавиринтот.
Во Градски парк (1 и 2 дел) има доволно асфалтирани патеки за секого и нема потреба од нови! Особено не глупости ко тартани-мартани.
Да беше несреќана Петре, мислам дека ќе го оставеше асфалтон, ќе направеше картинг, а и кафана веројатно во средина во облик на женски сиски!
Затоа и изгуби и никој неќе со очи да го гледа!
Данела Арсовска допрва ја учи јавноста ,,во чекор” и нејзиниот камшик и самото тоа ни кажува дека е опкружена со погрешни луѓе цело време, кои имено – самата си ги бира.
А, помина речиси една година. Не ми е јасно по што сака да остане запаметена?!
Погрешни луѓе, погрешни совети, погрешни одлуки…интуицијата особено и` е слаба страна. А, и тоа што не е вљубена во градот.
А, ние ја биравме со срце, прва жена градоначалник после 70 години, а сведочиме на хаос кој како домино ефект, со секој нов ден, произведува нов башибозук на други нивоа!