ШТО СЕ СЛУЧУВА? Маж од Скопје се обидел да си го oдземе животот: Сакал да скокне од зграда – Полициjaта веднаш изреагирала.
Најнови вести од Македонија и светот.
Повторен обид за camoybиство со скокање од зграда денеска. Но за среќа овојпат е спречен. – пишува А1on.
Полицијата веднаш интервенирала.
Деталите во продолжение после рекламата.
Денеска интервентната полициja спаси старец на околу 80-годишна возраст, кој според очевидци, сакал да скокне од терасата на својот стан на петтиот кат на зграда на булевар „Партизански одреди“.-пишува А1on.
Според извори на А1он, соседите повикале полиција, а кога тие стигнале, се поделиле на две групи.
Додека едните разговарале со старецот од долу и се обидувале да го разубедат во намерата, друг тим влегол во станот и го фатиле од позади, по што старецот бил однесен со возило на Брза помош.
Од полицијата за редакција на А1on.мк го потврдиле настанот.
Поврзана вест: Член на фамилијата на загиnaтиот ученик го прозва Корчагин: Прашавте ли зошто дете излезе од вашите врати и отиде да скокне од катна гаража?!
Во јавноста и пред се на социјалната мрежа Фејсбук се разви широка дебата за самоybиството на ученикот од Корчагин, наводно откко ги зел оценките за завшената мината школска година.
Таа информација ја објавија повеќе медиуми во земјава.
Ова следуваше откако веста ја објави професорката од Институтот за физика Мимоза Ристова на социјалните мрежи. Според професорката, ученикот ги земал оценките и си преcyдил.
-Да се организира обука за професорите за да се научат како да се однесуваат со адолесцентите кај кои депpecиите се покачени за огромен процент поради Kobид-пандемиjaта, се вели меѓу другото во објавата на Ристова.
Професорката во коментари под нејзината објава додава дека погpeбот се одржал денес и дека „точно кажал зошто се самоybил со времето на caмybиството, непосредно по земање на свидителството“.
Но, на оваа информација најостро реагираше Советот за етика во медиумите на Македонија, за, како што велат, невнимателното и неетичко известување на медиумите околу caмоybиство на ученик во скопската гимназија Корчагин.
СЕММ ги потсети своите членки и сите медиуми на професионалните препораки кои строго дефинираат кога и како смее да се известува за вакви тppAгедии.
Објавата од СЕММ е единствената официјална реакција засега за овој настан.
Од МВР засега нема потврда или демант на оваа информација, но и официјално правило на Полицијата е да не известува за caмоybиства.
Нема објава ниту од училиштето, а ништо на таа тема не може да се најде ниту на нивната веб страница.
Извесен Славиша Џ. кој на социјалните мрежи се претстави како член на фамилија, вчера под постот на професорката Ристова побара случајот да не се политизира, пренесувајќи молба од мајката на нecpeќното дете.
Во пост кој може да се најде на неговиот профил од 1-ви септември, тој го прозва училиштето и притоа означи повеќе медиуми, пред случајот да го објави професорката Ристова.
– СУГС Раде Јовчевски – Корчагин дали денес негде спомнавте дека синоќа ваш ученик излезе од вашето школо и отиде си го одзема сопствениот живот? Дали и кажавте на Danela Arsovska додека си славевте денес прв ден, додека си се сликавте така насмеани и среќни, што се случило синоќа?
Дали СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски-Корчагин” ја контактиравте воопшто фамилијата да изразите сочувство?
Дали прашавте како и зошто дете излезе од вашите врати и отиде да скокне од катна гаража?!? Сител ТВ Канал 5 Телевизија Kurir ТВ Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme Град Скопје Sloboden Pecat, напиша тој.
Во меѓувреме, во јавноста на големо се дебатира на други слични случаи низ училиштта, но и за тоа дека не треба да се потценува состојбата на депресиjja кај децата.