Чудо во пеколот: Момче 10 дена старо извлечено живо од урнатините – Половина живот го поминал заробен во срушена зграда!
Момче по име Јагиз, старо само десет дена, е извлечено од урнатините на зграда во турската провинција Хатај на југот на земјата.
Спасувачите кои го извлекле бебето веднаш го завиткале во термо ќебе. На фотографиите кои го обиколија светот може да се види и неговата расплакана мајка, која спасувачите ја изнесоа на носилки поради можна повреда на кичмата.
Amidst the darkness – there is some light .. A new-born baby and his mother have been rescued from rubble in Turkey 🙏🏾 https://t.co/VuzhpTtByU
— Sima Kotecha (@sima_kotecha) February 10, 2023
Не се знае здравствената состојба на мајката и бебето, ниту како успеале да преживеат во урнатата зграда.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, чии тимови се вклучени во спасувањето на луѓето затрупани во урнатините предизвикани од разорниот земјотрес во понеделникот, на Твитер објави дека бебето и мајката се извлечени од урнатините во Самандаг.
Според медиумите, малиот Јагиз половина од животот го поминал во урнатините.
Земјотресот кој однесе повеќе од 21.000 животи се случи во понеделникот на 6 февруари. Момчето се родило на крајот на јануари или на самиот почеток на февруари, а со оглед на тоа што неколку дена по раѓањето бил во болница со мајка си, можеби првиот ден го зафатила најголемата природна катастрофа што ја погодила Турција откако пристигнал во својот дом.
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ(клик ТУКА)
Да потсетиме, повеќе од 21.000 луѓе загинаа, а најмалку 78.124 беа повредени во разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија.
Спасувачите се во трка со времето за да ги извлечат преживеаните од урнатините на зградите.
Властите соопштија дека околу 6.500 згради се урнале во Турција, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погоди околу 13 милиони луѓе.