Thursday, October 5

Хакepcки напад врз Фондот за здравство, не се исплаќаат боледувања и не се отвараат породилни

Хакepcки напад врз Фондот за здравство, не се исплаќаат боледувања и не се отвараат породилни

Веќе трет ден системот на Фондот за здравствено осигурување не функционира поради хакерски напад на кој работат информатичките служби во Фондот.

Од ФЗОРСМ дури денеска попладне со соопштение известија дека се хакирани и не се исплаќаат боледувања, како и тоа дека не може да се отворат нови боледувања и породилни отсуства.

-Во моментот ФЗОРСМ се справува со сајбер напад кој ја предизвикува нефункционалноста на дел од ИТ системите. Експертски тим работи 24/7 на справување со предизвиците и нивно отстранување во најбрз можен рок.

Приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, а ФЗОРСМ веќе има издадени упатства кон Подрачните служби за решенија со кои граѓаните тековно ќе ги остваруваат своите права, соопштија од Фондот.

Фондот има лични и медицински податоци за стотици илјади граѓани, а нема информации дали тие податоци се заштитени. Не е објавени ниту за каков сајбер напад станува збор.

Министерот за здравство Беким Сали денеска на новинарско прашање за проблемот кратко кажа дека не е информиран. Од Фондот пак тврдат дека лекувањето и лекарските прегледи може да се одвиваат непречено и покрај проблемите.

-Пациентите ќе можат и понатаму непречено да се лекуваат на сите клиники како и преку матичните лекари кои можат да вршат прегледи, да издаваат упати и рецепти кои се подигнуваат во аптеките без застој, соопшти ФЗОРСМ од каде најавија нови информации веднаш штом ќе се утврдат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *