Фуркан и одговори на Анета: На прашањето дали тој има храброст истото да го направи за албански граѓани – Еве што одговори тој.
Фуркан Салиу објави краток одговор вечерва на прашањето од македонската пејачка Анета, кој за поголем дел од македонската јавност не е баш разбирлив.
Неговиот одговор во продолжение после спонзорираната реклама.
Се уште не стивнуваат реакциите во јавноста по сторијата во која новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу објави дека директорката на детската клиника Аспазија Софијанова земала пари за дежурства, а притоа не се појавувала на работно место.
Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата, но кавгата со директорката се случила откако и било посочено дека земала плата, а не одела на дежурства.
Со свој коментар во јавноста се јави и познатата македонска пејачка Анета Наковска, која вели дека „добро е што почна од некаде“, но новианрот Салиу треба да ја покаже „истата храброст и праведност за многуте албански граѓани кои се врботени и си земаат плата, а на работа никогаш не се појавени“.
– Оопааа!!! Убаво ќе биде ако овој новинар Фуркан Салиу има доблест да ја покаже истата храброст и праведност и за многуте Албански граѓани кои се вработени и си зимаат плата, а на работа никогаш појавени…
Лека полека секој ќе си плати за се, добро е што почна од некаде…
Само е прашање на време кога ќе се отвори Пандорината кутија…
Ќе биде стpaшно бидејќи премногу ужa и ќе излезат на виделина… ова е мачји кашаљ во однос на тие работи…, напиша Наковска.
По неколку дена, новинарот вечерва ѝ одговори на Наковска:
– Почитувана Анета, не сум голем фан на твојата музика ама твоето мислење го почитувам.
Можеби ќе треба да се почне од Македонски пошти… if you know what i mean. – напиша Салиу.