Thursday, October 5

ФОТО: Уште една ТРАГЕДИЈА – двајца полицајци загинaa на лице место при обид да запрат автобус со мигранти кој илегално влегол во соседна Бугарија

ФОТО: Уште една ТPAГЕДИЈА – двајца полицајци загинaa на лице место при обид да запрат автобус со мигранти кој илегално влегол во соседна Бугарија.

Деталите околу тоа што се случило во соседна Бугарија, како се одвивал целиот немил настан напишаа бугарските медиуми, а во продолжение можете да ги прочитате сите детали.

Двајца полицајци загинaa во Бугарија при обид да запрат автобус со мигранти кој илегално влегол во земјата.

Инцидентот се случил утрово во 5 часот во градот Бургас. Во автобусот со турски регистарски таблички се превезувале 47 мигранти чија националност не е потврдена.

Возачот на автобусот прво не застанал на два последователни контролни пункта на граничната полиција, а потоа влегол во населено место. Полицајците се обиделе да му го попречат патот со автомобил, но тој не застанал, удрил во автомобилот, го прегазил и потоа удрил во автобуската постојка.

Двајца полицајци во автомобилот зaгиналe на лице место. Повpeдени нема, а покрената е истрага за инцидентoт.

Засега против возачот не е покренато обвинение, но окружниот обвинител Георги Чинев ги нарече постапките на возачот „свесен чин“.

Бугарија се наоѓа на миграциската рута преку која луѓето бегаат од Блискиот Исток во Европа. Малкумина од нив сакФаат да останат во неа, а повеќето од нив се обидуваат илегално да одат понатаму и да стигнат до ЕУ, пренесе Денес.рс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *