Wednesday, October 4

(ФОТО) СРЦЕ ЌЕ ВИ СЕ СКИНЕ – Еве што направи СЕСТРАТА на НАШИОТ АНГЕЛ во чест на неговиот РОДЕНДЕН!

(ФОТО) СРЦЕ ЌЕ ВИ СЕ СКИНЕ – Еве што направи СЕСТРАТА на НАШИОТ АНГЕЛ во чест на неговиот РОДЕНДЕН!

На денешниот ден пред 42 години е роден нашиот ангел Тоше Проески кој прерано замина кај ангелите.

Текстот продолжува после рекламата.

Тодор „Тоше“ Проески (Прилеп, 25 јануари 1981 — Нова Градишка, 16 октомври 2007) — познат македонски поп-пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија.

Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси.

Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.

Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме

Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал сè до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Загинал на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Посмртно бил прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, бил прогласен за Ден на национална жалост.

Тоше Проески загинал на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб — Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.

Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото фолксваген туарег (Volkswagen Touareg) кој со голема брзина удрик во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда.

Останатите двајца патници — возачот Ѓорѓе Георгиевски поминал со потешки, додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, со полесни повреди. И двајцата биле вон-животна опасност.

Веста за смртта на Тоше Проески е објавена од најголемите светски новински агенции. Најголем дел од нив го нарекуваат „најголема балканска ѕвезда“, а Би-Би-Си[10], неговата слава на Балканот ја поистоветува со онаа на Елвис Присли во САД.

Отворена е и петиција за името на Тоше Проески да го носи Средното музичко училиште во градот Битола, каде учел Тоше Проески.

Истата петиција важи и за промоција на хуманитарен фестивал кој ќе се одржува секоја година на денот на неговата смрт 16 октомври и кој ќе го носи неговото име и ќе опфаќа музичари од сите музички жанрови, сè со цел да им се помогне на сите оние на кои им треба хуманитарна помош.

Огромна бела торта и емотивна посвета по повод роденденот на музичката легенда Тоше Проески, сподели неговата сестра Дора.

„Секој твој роденден Тоше, наша е воздишка“, пишува на роденденската торта направена за Проески, кој да беше жив денес ќе наполнеше 42 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *