Saturday, September 23

(ФОТО) СЕ ОГЛАСИ И ЗОРАН ЗАЕВ: Објави заедничка фотографија и се прости од кралицата

(ФОТО) СЕ ОГЛАСИ И ЗОРАН ЗАЕВ: Објави заедничка фотографија и се прости од кралицата Елизабета.

После тажната вест која беше објавена за cмpтта на британската кралица Елизабета, со неа се простија и испратија телеграми за сочувство голем број влади, видни луѓе, политичари, блиски луѓе од целиот свет.

На неговата официјална фб страница, се огласи и Зоран Заев и изрази големо жалење за загубата на кралицата.

Тој објави заедничка фотографија и напиша:

Нејзиното височество Елизабета II ни беше домаќин на приемот за време на НАТО самитот во Лондон во 2019 година.

Нејзините мудрост и капацитет изминативе 70 години беа водилка за многу светски лидери, а сигурен сум дека ќе инспирираат уште многу државни и полтички водства во времињата кои доаѓаат.

Почивajте во мир Ваше височество. Ви благодариме за сѐ што Вие и Обединетото Кралство направивте како поддршка на интегративниот пат на Северна Македонија.

Да потсетиме, Британската кралица Елизабета Втора почиna во Балморал на 96-годишна возраст. Таа помина 70 години на престолт.

Кралското семејството пристигна да биде покрај неа бидејќи таа беше во сериозна здравствена состојба. Илјадници луѓе се собираат пред Бакингемската палата.

Почиna британската кралица Елизабета Втора на 96 годишна возраст, откако беше под медицински надзор во Балморал поради нарушено здравје, соопшти Бакингемската палата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *