(ФОТО) ПOЧИHA познатиот астролог: Пронајден е мpтoв во базен во спа центар – Блиските се опростуваат од него, Балканот во голема тага.
Почиna познатиот српски астролог Душан Величковиќ, кој на сите нас во Македонија ни е многу добро познат.
Величковиќ го паметиме по неговите прогнози и предвидувања во областа на астрологијата и нумерологијата. Гостин е во многу емисии, а Србија и цел балкан најмногу го памети по тоа.
Како што пишува Телеграф, тој бил пронајден во несвест во базенот од друг корисник на велнес и спа центар во Белград.
Веднаш ги алapмирал вработените, па била повикана брза помош.
За жал, Величковиќ почиna, а тоа го потврди и неговото семејство.
„Драги наши пријатели, со голема тага во нашите срца и души ве известуваме дека нашиот сакан Душан не напушти и отиде во рајот меѓу своите ѕвезди. За местото и времето на погpeбот ќе ве информираме подоцна. Семејството Величковиќ“, напишаа тие.
Душан беше еден од најпознатите астролози во Србија и често гостуваше во разни телевизиски емисии.
Пријателите на социјалните мрежи се збогуваат со астрологот Величковиќ со прекрасни зборови.
– Брат мој, легендо моја, ти благодарам за се. Секогаш беше покрај мене и во добри и во лоши времиња.
Ништо не може да го замени нашето секојдневно кафе во Долчин, се познававме толку добро што можевме да седиме и да молчиме неколку часа, секогаш бевте насмеани, позитивни, никогаш не сум сретнал личност како тебе, а верувам дека нема двајца луѓе како тебе на планетата Земја.
Ти беше едноставно Душан Величковиќ. Почивsj во мир брат мој – напиша пријател на Душан Величковиќ.
„Наместо да запалам свеќа за твоето здравје, јас ви палам свеќа… Овде во Вселенската патријаршија, за која многупати сме зборувале“, додаде тој.
Душан Величковиќ беше познат српски астролог. Често гостуваше во многу ТВ емисии, а беше и чест и популарен гостин на телевизија Курир.
Тој беше еден од оние кои со задоволство зборуваше на сите актуелни теми и со помош на астрологијата предвидуваше различни настани како на естрадата, така и на политичката сцена.