Friday, December 1

(ФОТО) Нашата чудесна земја: Камион повторно пропадна во фонтаната на плоштадот во Скопје – Еве ги деталите

(ФОТО) Нашата чудесна земја: Камион повторно пропадна во фонтаната на плоштадот во Скопје – Еве ги деталите.

Текстот и сликата се превземени од порталот СДК.мк

По кој пат веќе се случува ова?! Не е прв, ниту втор.

Ова е трет пат како камион пропаѓа во фонтаната! Ќе има ли крај?

Пак пропадна камион во фонтаната на Плоштадот Макeдонија во Скопје. Од утрово, на Плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје, пренесе СДК.мк

Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната сега повторно е искршена и оштетена.

Следна вест: Екипите на ЕВН во Арачиново работат без никакви проблеми.

Екипите на Електродистрибуција вчера излегоа на терен во Арачиново и непречено започнаа со реализација на правата фаза на планот, информираат од ЕВН Македонија.

-Во оваа фаза се прави инспекција на мрежата по што ќе следи реконструкција за подобрување на снабдувањето и отстранување на дефектите кои беа резултат на нелегалните приклучувања, велат од ЕВН за МИА.

Реконструкцијата, како што посочуваат, ќе трае со месеци па дури и повеќе од година.

-Целосната реализација на планот ќе значи снабдување без прекини и речиси без дефекти за жителите на Арачиново, потенцир аат од ЕВН Македонија.

По минатонеделниот прекин на снабдувањето со електрична енергија во Арачиново поради преоптовареност на трафостаницата од неовластено користење струја, министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека во координација со градоначалникот на општината и раководството на ЕВН е најдено привремено решение за прашањето за снабдување со струја.

Бектеши најави дека екипите на ЕВН Македонија од почетокот на неделава непречено ќе работат на терен во Арачиново и на тој начин ќе почне да се наплаќа струјата во оваа општина, но и на други места.

Тој најави дека ќе побара од МВР и другите надлежни институции да постапат во сите општини каде има големи загуби на струја, бидејќи според него, тие се на товар на сите потрошувачи на електрична енергија.

– Ги повикувам сите да ги почитуваат законите, одредбите од законите се со цел да не се направи штета во делот на снабдување со електрична енергија, но и во делот на електродистибутивниот систем, изјави Бектеши укажувајќи дека крадење струја или незаконски приклучок во дистрибутнивната мрежа е кривично дело кое се санкционира согласно закон. (МИА)

Следна вест:МТСП: Во тек е етапната исплата на августовските пензии.

Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска започнува етапната исплата на пензиите за август, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.09.2022 година (четврток), и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.09.2022 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 август (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките со цел заштита на личното и јавното здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *