(ФОТО) Велшанка оставена пред олтарот: Нејзиниот ПОТЕГ после тоа ги изненади сватовите
Ја оставил невестата пред олтарот, а нејзиниот ПОТЕГ после тоа ги изненади сватовите.
Царицата!
Велшката невеста била оставена на олтарот на денот на нејзината венчавка – младоженецот едноставно не се појавил.
Сепак, Кејли Стед не сакала нејзината венчавка да пропадне, па решила да ужива во денот на венчавката – без сега веќе бившиот вереник кој мистеpиозно исчезна. Таа беше опкружена со нејзините пријатели и семејството кои ја поддржуваа.
Утрото на денот на нејзината венчавка, на 15 септември, Кејли имала чувство дека нема да се смири со нејзиниот четиригодишен вереник.
„Го видов младоженецот околу 16 часот на денот пред свадбата и оттогаш немам слушнато со него. Се обидовме да дојдеме до него, но не добив одговор, ниту причина зошто.
Не добив објаснување – воопшто не го ни сакам сега, кога сè отиде предалеку“, изјави таа за SWNS.
Додека иcчезнувањето на младоженецот останува мистерија, Стед сепак била решена да ја прослави венчавката.
Така, таа продолжи да слави во хотелот Оксвич Беј во Свонси, Велс, па дури и направи влез на свадба, говор, прв танц и позираше за нејзините професионални фотографии.
На денот на венчавката, Стед и нејзините деверици се разбудиле во зората за да си ја средат косата и шминката.
Уште тогаш еден од гостите на свадбата и се јавила на нејзината најдобра пријателка за да им каже дека младоженецот го нема.
„Тие сакаа да се уверат дека неги дефинитивно го нема пред да ме известат“, рече таа.
И неговата мајка хистepично ѝ се јавила, плачејќи дека младоженецот отишол да се прошета рано наутро, а сега го нема.
Стед забележала дека нејзиниот поранешен често сам одел на прошетки или вози за да си ја расчисти главата кога е вознемиpeн, па таа на почетокот не била нepвозна.
„Искрено верував, рака на срце, дека тој ќе биде таму“, се сеќава таа.
Кога сфатила дека нема да се појави, Кејли била уништена – но била решена да не ги изгуби сите пари што ги потрошила на свадбата.
Сакав да се уверам дека сите знаат дека не е тажен ден и дека ќе го поминеме“. Беше многу непријатна ситуација за моите пријатели да бидат таму, но сите останаа.
Не сакав да го паметам денот како целосна тага. Имаше толку многу посебни моменти… па сепак имаше радост“, призна таа.
Таа потоа го откажала својот меден месец во Турција и ги спакувала работите на поранешниот партнер и ги оставила кај неговото семејство.
Таа сеуште не се слушнала со него од неговото неочекувано заминување.