(ФОТО+ВИДЕО) НАЈНОВА ВЕСТ: Демолиран бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид!
Видео најдолу во текстот, превземено од Охрид1.ком.
Текстот продолжува после спонзорираната реклама.
Искршен е дел од таблата на која е испишано името на новиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за „А1он“ изјави дека инциден тот се случил денес после пладне и се уште трае увидот на полицијата.
– Околу 12 часот и 45 минути СВР Охрид доби пријава за оштетување на влезот од бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.
Оштетен е дел од таблата поставен над просторијата во која е сместен бугарскиот културен клуб.
Екипи на СВР Охрид во моментов вршат увид на местото на настанот – изјави Димовски.
Бугарскиот клуб беше отворен пред пет дена, а на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица.
Тогаш претседателот на здружението „Цар Борис Трети“, Томе Блажевски рече дека здружението било отворено пред една година и ги поминало сите законски процедури.
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ