Уште една cooбраќајна нecpeќа на патиштата во Македонија: Се судрија малолетник со ,,јамаха” и 19 годишник со ,,БМВ”- МВР со детали.
Нова нecpeќа на нашите патишта. Деталите во продолжение после рекламата.
На 15.08.2022 во 19.30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Народен фронт“, ул.„Шарски одреди“ и излез од паркинг простор се случила сообраќajjна нecpeеќа помеѓу патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(19) од Скопје и мотор „јамаха“, без регистарски таблици, управуван од малолетник од с.Пласница.
Во нecpeќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Поврзани вести: Возач тешkoo пobpeден откако излетал од експресниот пат Крупиште – Кочани
На 16.08.2022 во 04.00 часот било пријавено дека на експресен пат Крупиште – Кочани, во близина на клучката Крупиште – Пробиштип, патничко возило „сеат толедо“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(71) од Битола, излетало надвор од коловозот, информира МВР.
Во нecpeќата возачот се здобил со тешkkи телесни пobpeди, констатирани во Клиничката болница во Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Полицијата откри пет неисправни возила кои се користат за јавен превоз во Тетово
Пет неисправни возила кои се користат за јавен превоз на патници откри тетовската полицијата. За четири часа на подрачјето на СВР Тетово полицијата изврши проверка на 38 возила кои вршат јавен превоз на патници, најголем дел автобуси, комбиња, и откри пет прекршоци за технички и други недостатоци.
„Две возила биле со неисправни сопирачки, исто толку немале извршено технички преглед, а едно имало истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а 3 возила веднаш се исклучени од сообраќај.
При контролата, исто така, санкционирани биле и 3 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-1), од кои 1 возило без потребните документи за вршење на јавен превоз“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Со оглед на тоа што се наближува почетокот на новата учебна година, МВР најавува дека контролите на возилата кои вршат јавен превоз ќе се зголемат, особено во Тетово и Гостивар каде секојдневно се превезуваат голем број ученици од основните и средните училишта.
Според Министерството, целта е да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците.
Во изминатиот период „мета“ на тетовската полиција беа возачите кои непрописно ги паркираат своите возила. Само во јули, месец во кој во Тетово и Гостивар се враќаат голем број иселеници, казнети се 640 возачи за непрописно паркирање, а 448 возила биле подигнати од пајак службата. Од СВР Тетово велат дека најголемиот дел од казните се напишани во централните подрачја на Тетово и Гостивар.