Friday, December 8

УХМР: Голема промена на времето од сабота

УХМР: Голема промена на времете од сабота.

Забележани се минусни температури денеска во некои градови во државата. Но, од сабота според УХМР слефува голем пресврт.

Еве какво време не очекува во наредните денови.

Времето денеска ќе биде наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на попладнето облачноста ќе се намали.

Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Утрово на Попова Шапка и во Лазарополе е измерена најниска температура од -1 степен.

Следат Берово со 0 степени, 1 Маврови Анови, Крива Паланка, 2 Крушево, 3 Штип, Битола, Претор, 4 Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар, 5 Демир Капија, 6 Тетово, 8 Куманово, 9 Скопје-Петровец, Дојран, 10 Скопје-Зајчев Рид, 11 Гевгелија.

Според УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во Скопје претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени.

Во следните денови утрата ќе бидат студени, а до петок и дневната температура ќе биде под просекот за овој период од годината.

Во петок ќе има услови за слаб локален дожд. Од сабота дневната температура ќе биде во значителен пораст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *