Sunday, December 3

Утре снег, а од понеделник голема промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Утре снег, а од понеделник голема промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за времето.

Детална временска прогноза за наредните денови.

Деталите во продолжение после рекламата.

Утре ќе има зголемена облачност со појава на локален слаб снег на планините најпрвин на северот, а потоа слаб снег ќе провејува понекаде претежно во западните планински делови.

Преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието.

Од понеделник следува период на стабилно време со не многу ниски утринските температури, а дневните до средината на неделата ќе бидат во постепен пораст.

Прогноза за 13.02.2023
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 14.02.2023.
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 4°C до 14°C

Претежно сончево со слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.02.2023.
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *