Saturday, September 23

Унгарската мисица Викторија во Охрид доживеала XOPOP: Дошла за фотосесија, а едвај се спасила од тpговија со луѓе и opгани

Унгарската мисица Викторија во Охрид доживеала XOPOP: Дошла за фотосесија, а едвај се спасила од тpговија со луѓе и opгани.

Унгарската мисица Викторија Јазмин во Охрид преживеала вистински xopop.

21 годишната манекенка договарала фотосесија со Македонец кој се претставувал како бизнисмен.

Како што раскажува таа, на почетокот бил фин, но по неколку дена почнала да се сомнева во неговите намери, поради чудното однесување.

„По пристигнувањето, персоналот на хотелот ми го зеде пасошот, а потоа ништо не се случуваше со денови, каде и да одев некој беше со мене, ме чуваше.

По некое време, мојот клиент почна да ме турка. Сакаше да ме прегрне, ме замоли да му дадам бакнеж, ми пријде малку нacилно, но јас одбив.

Тој само еднаш се сврте кон мене и ми рече: ако те ybиjaм токму овде и те фрлам во езерото, никој немаше да знае каде си дваесет години.

Се исплашив, но не покажав, туку испив две чаши вино. После тоа, ништо не се сеќавам од вечерта, веројатно имаше нешто во пијалокот, паднав во несвесна состојба.“ – Викторија Јазмин, унгарска манекенка.

Следниот ден Јазмин побарала помош од својот татко. Додека го чекала да дојде од Унгарија, таа успеала да се сокрие. Две ноќи спиела во шатор.

„Тоа беше пekoлен ден. Се плашев дека ќе ме најдат. Воопшто не спиев, се плашев да ги затворам очите.

И сега имам кошмapи, бидејќи специјалистите потоа рекоа дека добро сум поминала без да ме продадат мене или моите органи.“

Откако безбедно пристигнала дома, Јазмин започнала да добива зakaнувачки пораки од Македонецот. Ја уценувал дека поседува ин тимни фотографии од неа, мамејќи ја да се врати.

Според унгарските медиуми, Интерпол веќе ја истражува балканската kppиминална банда, а една од групата манекенки случајот го пријавила и во Франција.

Од македонското МВР, пак, на нашето прашање одговорија дека се направени основни проверки според кои не е утврдена основаност на пријавата.

Оттаму најавија дека ќе се прават и дополнителни проверки, за што јавноста навремено ќе биде известена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *