Ужaceн cлучај ја потpeсе Македонија: 16-месечено дете примено во 6олница со скршеници на градите и хематом на главата!
Деталите во продолжение после рекламата.
Нов случај на ceмејно наcилcтво? 16-месечено дете примено во 6олница со скршеници на градите и хематом на главата.
16- месечното дете кое со тешки телесни повpеди вчера било донесено во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, има хематом на главата, скршеници на градите и други повpеди по телото.
Директорот „Св.Еразмо“, Ацо Велески, за „Макфакс“ вели дека детето е испратено на Детска хирургија во Скопје откако кај нив му била укажана помош и било дијагностицирано.
„Од она што утрово ми го реферираа колегите кои вчера го примиле 16-месечното дете, тоа имало фрактури на градите, хематом на главата и други повpeди по телото.
Му била укажана помош, било дијагностицирано и испратено на Детска хирургија во Скопје. Во нашата болница било донесено со Итна помош од Струга, а со истото возило било испратено и за Скопје“, рече директорот Велески кој нагласи дека кај нив нема податоци како е повpедено детето.
Славица Литајковска, директорка на клиниката за детска хирургија за „Макфакс“ изјави дека 16-месечното дете е во стабилна состојба, но го чека операција.
„Детето е на интензивна нега на нашата клиника, во стабилна состојба. Има скршеница на левата надлактица и ставено е на програм за операција за утре. Има скршеници на градите и постојано ја следиме неговата состојба со контролни рендгени . Хематомот на главата не е единствен, при прегледите утврдивме и стари хематоми“, рече директорката Литајковска.
На Клиниката за хирургија вчера биле мајката и таткото на детето, а денес за состојбата добиле известување телефонски.
Од СВР Охрид за „Макфакс“ велат дека засега можат само да потврдат дека се известени за повреденото дете.
„Сè уште се прибираат информации за случајот. Можеме само да потврдиме дека има повредено 16-месечно дете за кое вчера во 11 часот било пријавено дека е донесено во болницата Св. Еразмо“, кусо изјави Стефан Димоски од СВР Охрид.
За овој случај освен полицијата, алармирани се и социјалните служби оти не е исклучена можноста за семејно наcилство.