Friday, June 2

УЖAC: Скопјанец повикал жена на кафе во неговиот дом, ја допирал, претепал и ја држел заклучена!

УЖAC: Скопјанец повикал жена на кафе во неговиот дом, ја допирал, претепал и ја држел заклучена!

Скопјанец осомничен дека тешко повpeдил жена.

Деталите во продолжение после рекламата.

Основното јавно обвинителство во Скопје поведе постапка против 60-годишен скопјанец за kpивичните дела – тешка телесна повpeда од член 131 став 1 и противправно лишување од член 140 став 1 од Kpивичниот законик.

-На 23 јануари, во неговиот дом, осомничениот повикал на кафе една оштетена жена и започнал да ја допира.

Кога оштетената го одбила и му кажала да ги тргне рацете од неа, осомничениот започнал физички да ја напаѓа и да ја удира со тупаници и клоци по главата и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повpeди – фрактури на носот, набиеници и хематоми.

Потоа ја заклучил во неговиот дом за да не може да излезе и ја држел таму до следниот ден, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму потенцираат дека надлежниот јавен обвинител до Основниот kpивичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​​

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *