Tuesday, May 30

Убаво барањe за учениците? Дали е ова ocтварливо – зимскиот распуст да трае два месеци, а учебната година да започне од 15 август, е предлогот на Таравари за справување со енepгетската криза

Убаво барањe за учениците? Дали е ова ocтварливо – зимскиот распуст да трае два месеци, а учебната година да започне од 15 август, е предлогот на Таравари за справување со енepгетската криза

Можеби ова барање на Таравари ќе им се допадне на некои ученици, но дали е остварливо, дали овој предлог ќе наиде на слух кај институциите и дали може да помогне во справувањето со енергетската криза, останува да видиме.

Во продолжение можете да ги дознаете информациите за тоа што конкретно предлага градоначаланикот Таравари и општина Гостивар.

Oпштина Гостивар во пресрет на новата учебна година излегува со предлози до Министерството за образование, за кои сметаат дека ќе помогнат во справување со пoследиците од енергетската криза. Локалната самоуправа апелира МОН да лобира за училиштата да се плаќа струја како за домаќинставата, а не индустриска, како и да се продолжи зимскиот, а скрати летниот распуст.

Таравари е убеден дека учебната година ќе почне навреме и дека учениците нема да трпат поради ограничувањата. Тој ќе побара од централната власт да има измени во времетраењето на училишните распусти.

Како локална самоуправа ќе поднесеме две барања до Министерството за образование. Првото, зимскиот распуст да биде период декември-јануари, односно два месеци, а летниот распуст да трае околу месец и половина. Учебната година да заврши на јуни, а да започне на 15 август. Второто барање е училиштата да плаќаат како за домаќинствата, а не по тарифа за индустриска струја, изјави Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.

Тој се осврна на и рационализирање на трошоците и притоа напомена дека Владата не направила ништо за да им помогне на општините во надминувањето на кризата. Во таа насока според Таравари планирано е на територијата на општината освен исклучување на дел од јавното осветлување, ќе се „затегне ременот” и во останатите институции кои се под локалната власт.

Тој појасни дека трошоците за струја во изминатиов период се зголемени за пет пати и тоа создава голем товар.

– Што се однесува до заштедата на струја, имаме план од 1 септември на полноќ да исклучуваме дел од јавното осветлување од главните улици, но не и по споредните улици. Штедење ќе има и во општинската зграда и другите институции под наша надлежност, најави Таравари.

Градоначалникот смета дека со идејата за давање под концесија на јавното осветлување многу проблеми ќе бидат решени, бидејќи како што нагласи, општината во вакви услови повеќе губи отколку што добива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *