УБАВИ ВЕСТИ: Проверете си ги вашите сметки – Владата објави, исплатени се 62,2 милиони денари субвенции кон 1.700 сточари.
Најнова убава вест во Македонија. Владата објави, пуштени се субвенции.
Деталите во продолжение после рекламата.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директните плаќања за обележани грла кози.
Кај оваа мерка, како корисници се јавуваат земјоделските стопанства одгледувачи на кози, кои поседуваат најмалку десет грла кози од сите категории евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на кози.
Како што соопштија од МЗШВ, исплатена е финасиска поддршка во вкупен износ од 62.201.000 денари кон 1.700 сточари, одгледувачи на кози.
Директните плаќања кон одлегувачите на кози изнесуваат 1.200 денари по грло, односно 1.300 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број на грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 грла за сите категории и возрасти.
-Преку ребалансот на буџетот за 2022 година обезбедени се 2,7 милијарди денари, средства наменети за испалта на субвенциите кон земјоделците.
Со овие средства до крајот на годината МЗШВ, целосно ќе ги исплати заостанатите обврски кон земјоделците, а ќе започне и авансната исплата на субвенциите.
Согласно подготвената динамика за исплата следува исплатата на субвенциите кон сточарите, одгледувачи на овци и гоеници, соопштија од Министерството.
Претходно, во текот на август, АФПЗРР изврши исплата кон сточарите одгледувачи на говеда и пчели, односно се исплатија 329.512.000 денари субвенции за обележани грла говеда до близу 9.700 корисници и 210 милиони денари финасиска поддршка за презимени пчелни семејства до 5.877 пчелари.
Следна вест: Ќе одобри ли МОН два месеци зимски распуст за учениците?
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари инсистира на предлогот и барањето зимскиот распуст за учениците да се продолжи, односно да трае 2 месеци, со цел да се заштеди електрична енергија. Во спротивно, рече тој, на општините им се заканува сериозна финансиска криза и нема да можат да ги подмируваат сметките.
„Уште мината недела доставивме до Министертсвото за образование и ЗЕЛС барање зимскиот распуст да трае 2 месеци, декември и јануари, кога е најстудено, за да заштедиме енергија.
Јас во меѓувреме имав разговори со повеќе градоначалници кои го поддржуваат ваквиот предлог и имаат слично мислење, бидејќи трендот на покачување на електричната енергија оди се повисоко. Практично ние последните месеци, не можеме ништо да работиме, плаќаме плати и сметки за струја. Ништо не можеме со вакви високи цени да сработиме, а да не зборуваме како ќе биде во грејната сезона.
Ова е мој апел до МОН, сериозно да го земат предвид и да се прифати, зашто ќе бидеме во сериозна финансиска криза сите општини. Генерално мислам дека и државниот буџет е празен и нема да може да го компензираме ова’, истакна градоначалникот.
Првиот човек на Гостивар на почетокот на новата учебна година бараше и властите да лобираат кај енергетските компании, за училиштата да не се плаќа индустриска струја, туку по тарифи како за домаќинствата.