УБАВИ ВЕСТИ ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Од денеска вработените во МВР ќе земаат поголема плата – Еве за колку проценти се зголемува.
1 ви Септември на полицајците им донесе зголемување на платите.
Во продолжение после рекламата следуваат деталите.
Од полициските службеници кои беа доведени во состојба на супстандардни услови, без потребна опрема и униформи, објави на фејсбук министерот Спасовски, создадовме мотивирана полиција која работи во интерес на граѓаните и државата.
Во насока на континуирано мотивирање на вработените во МВР, издејствувавме зголемување на платите за пет проценти почнувајќи од 1 септември 2022, од Буџетот на МВР, што претставува трето покачување на платите на вработени во МВР, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
Во 2018 година, појаснува, се издејствува зголемување на платите за околу пет илјади униформирани полициски службеници, притоа овозможувајќи издвојување на работните позиции помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени.
– Со ова за првпат е извршено зголемување на бодови за полициски службеници за 10 и 20 бодови за работната позиција „полицаец“, од категориите Е5, Е4, Е3 и Ж5, Ж4 и Ж3, за што во Буџетот на Министерството за внатрешни работи за 2019 година побарани се и одобрени парични средства за исплата на зголемување на плата во износ од 80.000.000 денари на годишно ниво за 4.821 униформиран вработен.
Посебно значајно за ова раководство на МВР е што вакво зголемување за основната компонента полицаец се остварува за првпат од 1991 година па наваму – напиша Спасовски.
Второто покачување следуваше во септември 2019 година, при што платата на вработените во МВР беше зголемена за пет проценти, а за спроведување на ова зголемување беше зголемена вредноста на бодот од 26,09 денари на 27,72 денари.
Исто така, со зголемување на платите од 30 отсто, пишува Спасовски на фејсбук, се опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година.
– Министерството за внатрешни работи се реши на овој чекор токму од причина да се мотивираат овие кадри да не заминуваат од министерството и соодветно да придонесат на позициите за кои се ангажирани – објави министерот.