Tuesday, May 30

УБАВА ВЕСТ: Најнова владина поддршка – Овие пензионери ќе добијат 3000 денари плус на своите сметки!

УБАВА ВЕСТ: Најнова владина поддршка – Овие пензионери ќе добијат 3000 денари плус на своите сметки!

Конечно радосни вести за овие пензионери.

Деталите во продолжение после рекламата.

Од идниот месец пензионерите може да ја очекуваат најновата владина поддршка доколку Собранието ги изгласа потребните законски измени, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

И Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши очекуваат дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што ќе овозможат помош за пензиоенрите и за ранливите категории граѓани, но и реализирање на сите останати мерки за справување со енергетската и ценовната криза.

Очекувам и верувам дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата и ќе ги усвојат измените што значат помош за пензиоенрите и ранливите категории граѓани.

За Левица не можам да потврдам, не сум сигурен, зашто ним соседните земји и ЕУ не им се партнери, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека е усвоен нов пакет мерки тежок преку 350 милиони евра.

Директна финансиска поддршка од вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци (1500 денари месечно) има и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија, а тоа се над 91.600 пензионери наши сограѓани.

Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра.

Обезбедуваме директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба) како и ТП, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход);

Овозможуваме забрзан и зголемен поврат на ДДВ со помалку од 30 дена за поврат на ДДВ за што се одвоени вкупно скоро 160 милиони евра.

Обезбедуваме на поволна консултантска поддршка за изработка на проекти / студии за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со цел полесен пристап до капитал.

Продолжуваме со кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со структура на финансирање 60%-40%, за што се одвоени 10 милиони евра.

Воедно, за набавка на енергенси, затоплување на Градот Скопје, поддршка за производство на евтина домашна струја за домаќинствата кои треба да ги операционализира ЕСМ преку кредит од ЕБРД од 100 милиони евра.

Почитувани граѓани,
Кажав и на почетокот на оваа прес-конференција, и ќе повторам, верувам дека сите заедно, ќе ја пребродиме зимата и оваа најтешка, најголема криза досега. Јас ќе дадам сѐ од себе, Владата, министрите исто, тоа е наша работа и денес и секој ден понатаму.

Како што покажавме денес со овие антикризни мерки, активно и секојдневно се справуваме и ќе се справуваме со последиците, и дома, но и во соработка со соседите, со европските пријатели.

Јас знам дека сите ние се грижиме за нашите семејства во време на криза, тоа е природно. Но кога сте премиер, вие мора да се грижите за сите.

Затоа и денес ги донесовме овие мерки и продолжуваме и понатаму со секојдневен ангажман за да се погрижиме да има и струја и греење и храна за сите.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *