Friday, June 2

Тоше ми го cпаси животот, ми даде 35.000 евра за лekyвање: Жена бoлна од лeyкемиja проговори за Проески – Oд неа побарал само едно

Тоше ми го cпаси животот, ми даде 35.000 евра за лekyвање: Жена бoлна од лeyкемиja проговори за Проески – Oд неа побарал само едно.

Денеска на социјалните мрежи масовно се споделуваат песни, случки, спомени и се што е поврзано со нашиот непреболен ангел Тоше Проески.

Тој беше ангел кој шеташе на земјата. Ангел кој помогна на многумина и спаси голем број животи со неговата хуманост.

Нема човек на планетава кој што го знаел или познавал Тоше, кој ќе каже некој лош збор за него.

Едноставно беше прекрасен и од надвор и од внатре. Имаше прекрасно срце, во кое имаше љубов за сите.

Денеска се навршуваат 15 години од cмpтта на ангелот Тоше Проески. Сеќавањето на него се уште предизвикува бо лка и чувство на голем недостиг кај секој од нас, но сведоштвата за него покажуваат колку голем човек бил.

Во редакцијата на српски Курир се јавила Антонија А., која тврди дека благодарение на хуманоста на пејачот, нејзиниот живот бил спасен, но тој не сакал тоа да се знае.

Иако му ветила дека нема да каже за неговото големо дело, сепак од почит кон него решила да ја раскаже својата приказна, но без да се фотографира, чувајќи го ветувањето на Тоше.

Тоше беше ангел на земјата. Не само што пееше како ангел, туку таква му беше и душата. Пред неговата cмрт водев некои негови фан страни.

Додека можев го следев, одев на неговите концерти. Сепак во 2006 година ми беше дијагностицирана лeykемија и за операциja ми требаа 35.000 евра.

Не знам како, но до Тоше дошла информацијата за мојата состојба. Една вечер, заѕвони телефонот.

Татко ми ми ја даде слушалката, а кога го слушнав неговиот глас, се одзедов.

Малку разговаравме, ми кажа дека знае се за мене и колку го сакам. Со оглед на тоа дека неделата потоа требеше да има концерт во моето место, ми вети дека пред концертот ќе дојде да ме види – раскажува Антонија.

Потоа ја опишала и нејзината прва и последна средба во живо.

Дојде дома, тих, со насмевка. Ненаметлив, никогаш нема да да го заборавам сјајот во неговите очи.

Моите родители и јас му раскажавме се за мојата болecт и леkyвањето. Веднаш рече дека ќе ги сноси сите трошоци на лекyвањето, но под услов никогаш да не зборувам за тоа.

Таа вечер доцнел на концертот. Една недела подоцна ги уплатил сите пари на наша сметка.

Ете таков човек беше Тоше. Благодарение на него, јас сум жива – ја завршила приказната уплаканата Антонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *