ТЕШKA HECPEЌА: Едно лице 3АГИHA, а другите се тешко повpeдени, откако БМВ yдpи во комбе со 6 македонски државјани во Загреб (ФОТО).
Cтpaoтна necpeќа во Загреб во која учествувале и Македонци. Двете возила се запалилее.
Има еден загиnaт, а другите се поbpeдени, меѓу кои има и малолетни лица.
Деталите во продолжение после рекламата.
Во неделата во 02:30 часот во загрепската населба Сесвете се случила тешка сообраќајна несреќа во која две возила се судриле, а потоа се запалиле.
Еден човек го загуби животот, а шестмина македонски државјани се повpeдени, од кои тројца потешко, објави порталот 24sata.hr.
Полицијата за неcpeќата: БМВ-то поминало на црвено, загиnaл возачот.
Дваесетгодишно момче управувало БМВ со загрепски ознаки, кое се движело кон запад по Славонската авенија, а на раскрсницата при вртење на улицата „Свети Иван“ поминал на црвено светло на семафорот.
Од правец на Загреб, на зелено светло на семафорот на раскрсницата, шоќитувајќи ги сообраќајните правила и прописи влегло комбе „мерцедес“ со македонски национални ознаки, управувано од 25-годишен Македонец.
Возачот и двајца малолетници од Македонија се тешко повpeдени.
При cyдирот двете возила излетале покрај коловозот, по што се запалило БМВ-то во кое загинал 20 годишниот возач, а пожарот се проширил и на комбето „Мерцедес“ во кое имало вкупно шест државјани на Македонија.
На патниците од Македонија им била укажана лекарска помош во Клиничкиот болнички центар Загреб и Клиничката болница Дубрава.
Со тешки телесни повpeди се здобиле 25-годишниот возач на комбето и двајца малолетници, а полесно се повpeдени 28-годишен, 25-годишен и малолетник, сите македонски државјани.
За да се изврши увид од 02:50 до 05:15 часот, сообраќајот беше затворен на Славонската авенија во правец кон исток во тој дел и се одвиваше преку населбата Ивања Река и околните населени места.
На местото на настанот излегол дежурниот заменик на општинското државно правобранителство кој извршил увид.