Татко го прислушувал разговорот меѓу сопругата и синот, а она што го слушнал го расплакало.
Браво за објаснувањето на мајката кое му го дала на својот син. Така тој ќе знае да ги почитува сите луѓе без разлика каква им е професијата, ќе го почитува и цени трудот на неговиот татко и во иднина нема да се срами да работи било каква работа од која чесно ќе си го заработува својот леб.
За разлика од многу родители денес кои своите деца ги учат дека мораат да бидат успешни, да имаат своја кариера, професија, да бидат газди и ништо друго освен тоа не е прифатливо и добро, оваа мајка треба да ни биде пример.
Браво за жената и за воспитувањето на нејзините деца.
Во продолжение после рекламата прочитајте што кажала мајката на синот што така го погодило таткото.
Една вечер, таткото се враќал од работа и ја слушнал сопругата како му објаснува нешто на нивниот најмлад син. Мајката го слушнала разговорот на децата додека си играле.
Сите деца зборувале за тоа како нивните татковци им се газди, како имаат убави работни места. Кога го прашале нејзиниот син, тој со тага одговорил дека татко му е обичен работник.
Затоа сопругата решила да му објасни на момчето некои работи пред да заспие.
Таа на своето мало момче му кажала дека татко му е обичен работник, но дека мора да разбере што значи тоа.
Татко ти работи многу, доаѓа дома доцна, уморен и валкан, а газдите имаат убави костуми, убави столчиња и маси и се враќаат чисти дома, сето тоа е вистина.
Сепак, треба да знаеш дека сè што планираат газдите да прават во текот на денот, го прават обични работници како вашиот татко. Ако газдите не дојдат на работа, целиот производствен процес сè уште ќе продолжи, но ако луѓето како татко ти не отидат на работа, целиот процес ќе запре.
Влегувајќи од вратата за да го поздрави својот син, таткото ја избриша солзата и си го исчисти грлото, а синот кога го виде татко си му влета во прегратка.
„Здраво тато, горд сум што сум твој син, бидејќи ти си еден од оние луѓе, важни луѓе, кои прават големи работи“.