Saturday, September 23

Тага до небо, 15 години без Тоше: Споделено ВИДЕО кое ќе ви го растрепери срцето!

Тага до небо, 15 години без Тоше: Споделено ВИДЕО кое ќе ви го растрепери срцето!

Видеото можете да го видите најдолу во текстот.

Текстот продолжува после спонзорираната реклама.

Пејач со ангелски глас, голем хуманист кој сѐ уште живее во нашите срца преку песните, но и со добрите дела кои ги остави позади себе..

Легендарниот македонски пејач и музичар Тоше Проески загина на денешен ден, 16-ти октомври, пред 15 години.

Во своите излагања секогаш повикуваше на добрина и несебичност.. Детали од неговиот приватен живот не престануваат да ја интригираат јавноста, а една негова реченица која ја изговори непосредно пред смpтта, остана врежана во нашите срца.

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“, им порача Тоше на обожавателите.

На социјалните мрежи веќе неколку месеци кружи подзаборавена снимка со легендарниот македонски пејач Тоше Проески.

Видеото предизвика лавина коментари, а фановите не ги кријат емоциите.

Истото е снимено 2005 година во Софија, Бугарија, на седенка во една кафеана по успешното снимање на спотот за „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше гаеше посебни чувства кон македонската изворна песна, а оваа интерпретација на „Јовано, Јованке“ е доказ за тоа.

Вечна ти слава, анегелу наш!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *