Friday, December 8

Таа имала 28, а Тито 60 години: Еве со кои зборови Јосип Броз ја запросил својата сакана Јованка

Следете не и дознајте ги најновите вести од Македонија и светот.

Целиот текст следува после рекламата.

Таа имала 28, а Тито 60 години: Еве со кои зборови Јосип Броз ја запросил својата сакана Јованка.

Кога Јованка Будисављевиќ пристигнала како секретарка во кабинетот на Јосип Броз и ја заменила Даворјанка Пауновиќ Зденко, не очекувала дека ќе биде замени и во неговото срце.

Покојната прва дама на Југославија еднаш раскажа како маршалот побарал од неа да стане негова сопруга.

Нивната деловна врска брзо се претворила во љубов, а парот тајно се заколнал на вечна љубов пет години подоцна, во април 1952 година, кога таа имала само 28, а Тито 60 години.

Д-р Александар Матуновиќ, поранешниот личен лекар на покојниот претседател на Југославија, во својата книга „Јованка Броз, совладетелката на Тито“ ја забележал нејзината исповед за тоа како се чувствувала откако Броз ја запросил.

– Непотребно е да се каже колку бев изненадена и збунета. Па, јас бев девојка од средна класа со патријархални ставови! За мене разликата во години ја отфрли помислата за таква врска. Освен тоа, бев – нема да биде нескромно да се каже – згодна и имав неколку додворувачи – рекла Јованка.

Како што раскажала, Тито ја запросил, посочувајќи дека не водел лесен живот и дека верува дека конечно ќе најде мир со неа.

– Животот ми беше тежок, исполнет со стрес, лични загуби, секакви нecpeќи и чувствувам дека со тебе конечно ќе имам мир и среќа – ова се зборовите со кои бараше Јованка да му стане сопруга.

Иако тогаш биле заедно пет години, таа била изненадена. На почетокот и пречела повеќе од тридецениската разлика во годините, но подоцна се помирила со тоа, признала таа.

– Разликата во години беше голема, но јас не ја почувствував. Тито беше полн со енергија, витален – искрена беше Јованка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *