Wednesday, October 4

Сцени од местото на нacтpaданото девојче (7) кои го кpшат срцето: Не го ни почувствува животот, туристите носат играчки и цвеќе (ФОТО)

Сцени од местото на настpaданото девојче (7) кои го kpшат срцето: Не го ни почувствува животот, туристите носат играчки и цвеќе (ФОТО)

Кукла чека мало девојче да си игра, цвет, семејна облека се уште се на лежалките, а плажата е целосно празна.

На плажата Химара кај Потамо, каде што животот го загуби седумгодишната Јонада Авдија, откако ја ybи чамец управуван од полицаецот Арјан Тасе додека пливала со нејзиниот татко во морето, луѓето оставиле цвеќиња и кукли.

Како што можете да видите на фотографиите кои ги објави новинарката Есмералда Кета, плажата е пуста, а на лежалките се уште има работи кои наводно му припаѓаат на семејството на нecpeќната девојка.

– Тажно утро во Потама денеска. Куклата која го чека девојчето да си игра, цветот, семејната облека се уште се на лежалките, а плажата е целосно празна. Сите заминаа, отидоа да ги спасат децата затоа што не знаевме како да им направиме безбедно место. Денеска сите сме виновни, невините станаа ангели – пишува под објавата.

Потресени од трагедиjaaта, туристите кои порано го наполнија крајбрежјето, утрово ја напуштија плажата и блискиот хотел во знак на протест и солидарност со семејството кое ја загуби седумгодишната ќерка.

Како што потсетува Блиц, полицаецот Арјан Тасе е уапсен под сомнение за yybиство откако со глисер со голема брзина ја удрил седумгодишната Јонада Авдија и ја ybbил, а потоа излегол на брегот и се степал со нејзиниот татко.

Отпуштени се уште 15 полицајци кои во моментот на инцидентот требало да ја чуваат водата, објави „Индипендент“. Седумгодишното британско девојче Јонада, по потекло од Албанија, си играло во морето на плажата Химара кај Потамо на југот од земјата, кога во неа удрил глисер. Тpaaгичниот инцидент се случил во вторникот околу 14:00 часот.

Тасе, кој тогаш не бил на должност, бил уапсен, а во меѓувреме се појавиле и слики од неговата тепачка со таткото на девојчето, Бледар Авдија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *