Friday, June 2

СУРОВО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Водата навлезе во куќите, се евакуираат дел од жителите на ова македонско село кои се загрозени од невремето, известува ЦУК

Водата навлезе во куќите, се евакуираат дел од жителите на македонско село кои се загрозени од невремето, известува ЦУК

По невремето кое ја зафати дел од државата, каде што имаше поројни дождови, ЦУК денеска известува дека водата во Лажани навлегла во дел од куќите на жителите кои се загрозени и се извлекуваат со помош на трактори.

Центарот за управување со кризи соопшти дека вечерва има поизразена нестабилност на времето во северозападните делови на државата каде што има засилене ветер и пороен дожд.

Попладнево општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во општина Долнени поплавени се неколку села – Лажани, Дебреште и Житоше, а најкритично е во Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено и во куќите и според последните информации добиени од градоначалникот на Долнени поради поплавени на подрумски простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на Лажани со помош на трактори.

Во моментот ангажирани се два багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со три пожарникари со 1еднотеренско возило.

УХМР пак известува дека најмногу дожд до 20 часот наврнало во Виница 55 л/м2, во Тополчани и Битола 18, во Крушево 16, Берово 13, Крива Паланка 11, Ѓуриште 10, Струмица осум, Прилеп и Попова Шапка седум, Гевгелија шест, Маврово четири, Пожаране три, Штип и Охрид два и во Скопје-Зајчев Рид еден л/м2.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *