Стар рецепт за традиционалното македонско јадење: Тегната баница – Тајната е во начинот на припрема за да испадне совршена.
Баницата може да биде со сирење или нешто друго по желба. Клучно е квалитетното брашно и вештината за развивање на кората.
Состојки:
околу 1 кг брашно; 1 лажичка сол; вода по потреба; зејтин; 300-500 гр тврдо, масно сирење
Подготовка
Замесете меко тесто од нешто помалку од килограм брашно (околу 900 гр тип 400 меко), една лажичка сол и ладна вода, само колку да не се залепи за прстите. Кога ќе се замеси тестото се развлекува малку со сукало, па се премачкува со масло и се остава да одмори околу 20 минути.
Покријте ја масата со чиста памучна покривка за маса. Расукајте полека со прстите, малку по малку во круг, колку што можете да растегнете, за да добиете тенка голема кора. Ако се кине некаде, не е важно, затоа што се навива после.
Она што останува од тестото исечете го на краевите со нож или откинете го, за да остане само тенок дел од кората. Повторно направете колаче од краевите, оставете го да одмори и потоа развлечете го.
Растегнатото тесто попрскајте го со малку масло. Скршете го сирењето на кората, можете да додадете и сечкан спанаќ ако сакате зеленило.
Во филот можете да додадете и една лажица растопена маст. Свиткајте со помош на чаршав, полека кревајте ја едната страна од чаршафот додека кората не се завитка.
Тавата се подмачкува со масло и се витка во круг како полжав внимателно, едната кора, па другата. Покријте со крпа, оставете да отстои 20 минути.
Загрејте ја рерната на 200 степени, ставете ја питата и намалете ја на 180 степени, печете околу 40 минути додека убаво порумени, по потреба на крајот од печењето ставете фолија.
Со вурд и домашен ајвар, пријатно!