Ставила три лимони во рерната, а вратата ја оставила отворена преку ноќ: Како не се сетивме на ова порано!
Дали климата ви предизвикува главоболka? Не знаеме за вас, но ние претпочитаме природно ветре отколку леден излив на студен воздух од клима уредот.
Иако најдобрата опција е да ги отворите прозорците за да влезе свеж воздух во вашата соба, за жал во тој случај создавате нов проблем, а тоа се мувите, комарците и другите разни бубачки кои едвај чекаат да влезат во вашиот дом!
За наша и ваша среќа, постои еден трик кој ќе ве спаси од тие мали ’досадни луѓе’.
Се што ви треба е рерна и два до три лимони.
Пред да одите да спиете, пресечете неколку лимони на половина и ставете ги во рерна, чија врата ќе ја оставите отворена.
Наутро кога ќе се разбудите, затворете ја вратата од рерната и вклучете ја само неколку минути. После тоа, исклучете ја и оставете ја вратата повторно отворена. Вашиот дом ќе мириса убаво и нема да видите ниту еден инсект во вашиот дом!