Сопружниците треба да ги исполнуваат своите брачни обврски: 3 грешки во бракот според отец Андрејa.
Ако не е правилно структуриран, семејниот живот може да биде доста тежок.
Свештеникот Андреј Ткачев посочува дека сопружниците мора однапред да знаат со какви предизвици може да се соочат во бракот за да можат да се справат со нив.
Тој, исто така, зборува за тоа како постојат три клучни грешки што многу парови ги прават во бракот, а кои резултираат со лош живот и односи меѓу сопружниците.
1. Живеат заедно со своите родители; Мажот и жената мора да живеат одвоено од нивните родители.
Не треба да се вселат заедно од причина што не можат да функционираат две домаќинки во кујната. Оваа ситуација не е поволна ниту за жената, ниту за нејзината свекрва.
Со текот на времето може да се појават расправии, незадоволство и лутина.
Две жени под ист покрив може да бидат проблем. Еве зошто млад брачен пар секогаш треба да живее одвоено.
Мајките понекогаш мислат дека знаат се и без прашање прават некои работи со најдобра намера, а не се ни свесни дека можат да предизвикаат проблеми на млад брачен пар.
2. Неизвршување на брачните обврски; Понекогаш сопружниците имаат многу добри односи, но кога се работи за интимност работите не се толку одлични.
Жената не треба да го ускратува својот сопруг од интимност, инаку тој ќе оди кај друга жена. Истото може да се случи и кога ситуацијата е обратна.
Исполнувањето на брачните обврски е многу важно за сопружниците да имаат хармоничен и среќен брак.
3. Лошо воспитување на децата; Доброто однесување се учи дома, затоа е многу важно родителите добро да ги воспитуваат децата.
За жал, има многу родители кои не знаат како да воспитуваат дете и дозволуваат се да им се случи, што подоцна кога детето ќе порасне може да биде голем проблем.
Прво, родителите треба да им покажат на своите деца како да се однесуваат со нивниот добар пример.
Треба да избегнуваат кавги и расправии пред децата, бидејќи децата не треба да ги гледаат родителите како си викаат еден на друг.