Friday, December 1

Сопругата ми се ,,УГОИ”, веќе не можам да замислам ce*c со неа: Исповедта на овој човек предизвика лавина коментари!

СОПРУГАТА МИ СЕ УГОИ, ВЕЌЕ НЕ МОЖАМ ДА ЗАМИСЛАМ CE*C СО НЕА: Исповедта на овој човек предизвика лавина коментари!

Овој човек решил да сподели проблем кој го мачи со месеци

Авторот на оваа исповед е анонимен, а искрено говори за проблемот што му го нарушил бракот и односот со сопругата.

Таа се здебелила, а тој веќе не може да замисли да биде интимen со неа поради тоа.

„Седам овде и се обидувам да мислам на најдобриот начин да се изразам – затоа што не постои вистинскиот.

Тоа не е нешто што сакам да го кажам, но сакам да бидам искрен. Мојата сопруга повеќе не ме привлекува. Не сакам c*kc со неа бидејќи веќе не изгледа како на почетокот на врската.

Кога се запознавме таа беше слаба и тогаш килограмите почнаа да се натрупуваат. Тоа не е нешто што луѓето лесно го споделуваат.

Се чувствувам како да сум ја изневepил, но така стојат работите.

Ова не е она што таа го заслужува. Таа е добра жена. Прекрасна жена. Подобра личност од мене. Но веќе не ме привлекува.

Ја сакам нејзината насмевка, нејзиниот карактер, нејзината топлина и мудрост, но мислам дека почнувам да ја сакам како пријателка, а не како сопруга.

Можеби ако сме во брак 20 години би било поразбирливо и поприфатливо, но се венчавме пред пет години, таа е во средината на триесеттите, а јас сум во доцните триесетти.

Во текот на овие 5 години, таа од жена со средна големина во облека 38 стана 48, и нема промена на повидок. Чувствувам дека е нecpeќна и дека храната и е утеха.

Свесен сум и дека сум придонел за нејзиното незадоволство, но не можам да разберам како некој можел да си дозволи толку многу да се промени.

Дали љубовта навистина нема врска со физичкиот изглед? Дали сум толку плитok и површен? Или сум само човек? Со денови размислувам за тоа. Зарем не постои непишано правило во партнерските односи дека партнерите мора да се трудат да останат привлечни еден за друг?

Таа знае како се чувствувам, иако се разбира никогаш не и кажав. Таа може да го види тоа на начинот на кој јас ја гледам.

Таа може да го прочита од нашиот оштетен, едвај постоечки ce*cyaлен живот.

Сакам да ослаби, не можам да го променам начинот на кој функционира мојот мозок. Сакам мојата сопруга да биде здрава, самоуверена и среќна, да се гордее со својот изглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *