Saturday, September 23

СНЕГ вее на овие патни правци – АМСМ со известување за состојбата на патиштата!

СНЕГ вее на овие патни правци – АМСМ со известување за состојбата на патиштата!

Бидете внимателни на овие патни правци!

Деталите во продолжение после рекламата.

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Слаб снег провејува на Попова Шапка, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *