Friday, June 2

Славчо Попоски со најнови детали: Следуваат натпросечно високи температури – Еве каде и колку

Славчо Попоски со најнови детали: Следуваат натпросечно високи температури – Еве каде и колку.

Метеорологот Славчо Попоски на неговата официјална фејсбук страница сподели какво ќе биде времето во наредниот период.

Деталите во продолжение после рекламата.

И понатаму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има за време на викендот кој доаѓа.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Услови за нестабилност во делови од Скопската котлина ќе има за време на викендот.

Температурите овие денови ќе бидат нешто повисоки и над просекот за овој дел од годината.

Истите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат до 34 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *