Friday, June 2

Славчо Попоски најавува СНЕГ и во Македонија: Почнувајќи од денеска, па во текот на новата седмица ќе имаме многу пониски температури

Славчо Попоски најавува СНЕГ во Македонија: Почнувајќи од денеска, па во текот на новата седмица ќе имаме многу пониски температури.

Славчо Попоски најавува провејување на снег во Македонија.

– Од денес па во текот на новата седмица ќе имаме многу пониски температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината, и тоа поради влијанието на МНОГУ ПОСТУДЕНИОТ воздух од север.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец.

Услови за локални послаби врнежи од дожд ќе има на средината од неделата кога на највисоките планински места и во Македонија ќе има услови за провејување на снег.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени што значи дека ќе биде ДОСТА СТУДЕНО, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека од среда барем отсега гледано ќе биде уште посвежо преку ден – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *